Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
02.03.2016   С О О П Ш Т Е Н И Е

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

            Во врска со наводите од соопштението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, дека помеѓу останатите институции и Управниот суд се вбројува во листата на институции кои одбиваат соработка со обвинителството и на тој начин го  отежнуваат и оневозможуваат неговото работење, изјавуваме дека истите се во целост невистинити и неосновани.

            Имено, Управниот суд во рамките на своите надлежности во комуникацијата со сите државни органи и институции постапува законски и професионално, давајќи им еднаков третман на сите органи и инстиуции со кои соработува.

            Во таа смисла, ваквиот начин на постапување е императив во работењето на Управниот суд, па оттаму на ист начин е постапено и во досегашната соработка со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во рамките на која сите предмети кои досега се побарани од страна на ова обвинителство од наша страна се доставени на увид.

            Имено, на ден 14.12.2015 година од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите побарани се списи по еден предмет и истите со наш допис СУ-03.бр.0302-745/12 од 16.12.2016 година, се  доставени до наведеното обвинителство и уредно примени од нивна страна на ден 18.12.2015 година.

            Понатаму, на ден 11.01.2016 година, од страна Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, побарани се списи за уште еден предмет, кој со наш допис СУ-03.бр.0302-13/16 од 12.01.2016 година, се доставени и уредно приемни од нивна страна на 12.01.2016 година.

            На ден 25.01.2016 година, од наведеното обвинителство побарани се списи по 24 предмети. Со наш допис СУ-03.бр.0302-46/16 од 11.02.2016 година, уредно примен од нивна страна на 27.01.2016 година, доставени се списите по бараните предмети, освен списите по два предмети, кои се дополнително доставени и примени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите  на 12.02.2016 година. 

            Оттука, јасно произлегува тенденциозноста и невистинитоста на наводите на обвинителството за неконзистентноста во работењето на Управниот суд при соработката со наведената институција, за што сме навистина непријатно изненадени.

            Сметаме дека ваквите наводи претставуваат директен атак врз Управниот суд и истите се со тенденција за нарушување пред се на угледот на Судот, а оттаму и на судството воопшто.

            Во секој случај Управниот суд и понатаму останува отворен за соработка со сите институции, вклучувајќи го и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во рамките на која ќе останеме доследни на почитување на законите и Судскиот деловник, а воедно и задржувајќи ги професионалните стандарди на однесување.  

                                                                                                             Со почит,

                                                                                                            УПРАВЕН СУД

 

18.02.2016   С О О П Ш Т Е Н И Е

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

 

 

Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,  во согласност со Упатството за начинот на избор на судии и јавни обвинители кои се испраќаат на престој и работа во Европскиот суд за човекови права, донесено од страна на Управниот одбор на Академијата,  бр. 02-83/2 од 15.02.2016 година,  објавува

 

 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА  СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА

ПРЕСТОЈ И РАБОТА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Македонија врши упатување на 2 кандидати од редот на судиите и јавните обвинители во Република Македонија на 6-месечен престој и работа во Европскиот суд за човекови права, со цел надградување на знаењата и вештините за практична имплементација на Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

 

            Критериуми кои треба да ги исполнува кандидатот

 

Право да конкурираат за упатување на престој и работа во Европскиот суд за човекови права имаат кандидатите кои активно го познаваат  англискиот или францускиот јазик на ниво кое е неопходно потребно за  непречена усмена и писмена комуникација и работа на конкретни предмети, изработка на одлуки и правно истражување и пребарување за потребите на обработка на случаите во Европскиот суд за човекови права.

 

            Начин и рок за пријавување на кандидати

 

Заинтересираните кандидати, пријавите, заедно со мотивационо писмо, ги поднесуваат до Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рок од 15 дена од објавувањето на јавниот повик на веб страницата на Академијата www.jpacademy.gov.mk.

 

Јавниот повик, освен на веб страницата на Академијата, се објавува и на веб страниците на Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија како и на веб страниците на сите судови и јавни обвинителства во Република Македонија.

 

            Селекција на пријавите и избор на кандидатите

 

Селекција на поднесените пријави врши Комисија, формирана од страна на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, составена од претставници на Академијата, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Бирото за застапување на  Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Комисијата при селекцијата ги рангира кандидатите врз основа на следните критериуми:

-оцена на работата во претходните 2 години (највисоко се рангираат кандидатите кои во претходните 2 години се оценети со највисоки оцени од страна на Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Македонија, па редоследно кандидатите со пониска оцена, се до кандидатот со најниска оцена кој е најниско рангиран); и

-посетеност на обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права во претходните 2 години (највисоко се рангираат кандидатите кои посетувале најголем број обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права, дома и во странство, што се докажува со сертификати или потврда издадена од Академијата или друг организатор на обуката, па редоследно кандидатите со помал број обуки, се до кандидатот со најмал број на обуки кој е најниско рангиран).

Предлог листата на кандидати, Академијата ја упатува до Европскиот суд за човекови права кој го врши конечниот избор на двајцата  кандидати за 6-месечен престој и работа во Европскиот суд за човекови права, врз основа на внатрешната регулатива на Судот, согласно објавената информација за распоредување во Регистарот на национални правници.

 

            Права и обврски на избраните кандидати

 

Правата и обврските на кандидатите кои ќе бидат избрани за престој и работа во Европскиот суд за човекови права ги регулираат Судскиот совет на Република Македонија односно Советот на јавните обвинители на Република Македонија врз основа на Законот за судовите и Законот за јавно обвинителство.

 

 

 

                                                                                                                        

 

                                                                                               

 

29.01.2016   С О О П Ш Т Е Н И Е

СООПШТЕНИЕ

 

 

До Управниот суд, дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, против  Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, достави тужби врз основа на член 48 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.196/15 од 10.11.2015 година), заради повреда на административните процедури при донесување на решенија за разрешување, распоредување и решенија за именување на носители на раководни позиции во министерството.

Со тужбите поднесени се посебен предлози, Судот да донесе решенија за времена мерка, а согласно член 15 став 2 од Законот за управните спорови.

Постапувајќи по посебните предлози за донесување на решенија за времена марка, Управниот суд донесе решенија за времена мерка со кои се уважи предлогот на тужителот-дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и со истите се забранува на Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, да презема дејствија во врска и по повод решенија за разрешување, распоредување и решенија за именување на носители на раководни позиции во министерството.

Ваквите времени мерки имаат правна сила само до правосилното завршување на предметите по тужбите и против решенијата на Судот согласно 15 од Законот за управните спорови странките имаат право на жалба до Вишиот управен суд.

 

Со почит,

                                                                     УПРАВЕН СУД

                                                           

27.01.2016   С О О П Ш Т Е Н И Е

СООПШТЕНИЕ

 

 

До Управниот суд, дополнителниот заменик министер во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, против  Министерот за труд и социјална политика, достави тужби врз основа на член 46 став 3, член 47 и член 48 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.196/15 од 10.11.2015 година), заради повреда на административните процедури при донесување на решенија за разрешување на директори и решенија за назначување на вршители на должност директори на установи.

Со тужбите поднесени се посебен предлози, Судот да донесе решенија за времена мерка, а согласно член 15 став 2 од Законот за управните спорови.

Постапувајќи по посебните предлози за донесување на решенија за времена марка, Управниот суд донесе решенија за времена мерка со кои се уважи предлогот на тужителот-дополнителниот заменик министер во Министерството за труд и социјална политика и со истите се забранува на Министерот за труд и социјална политика да презема дејствија во врска и по повод решенијата за разрешување на директори и решенијата за назначување на вршители на должност директори.

Ваквите времени мерки имаат правна сила само до правосилното завршување на предметите по тужбите, и против решенијата на судот согласно 15 од Законот за управните спорови странките имаат право на жалба до Вишиот управен суд.

Воедно, укажуваме дека сите Решенија на судот за донесување на времена мерка се објавени и јавно достапни на веб страната на Судот.

 

Со почит,

                                                                 УПРАВЕН СУД

                                                           

 

06.11.2014    И З В Е С Т У В А Њ Е

                  

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

         УПРАВЕН СУД

          У-2.бр.659/2013

      06.11.2014 година

              Скопје

 

 

 

 

 

 

                         И   З   В   Е   С   Т   У   В   А  Њ  Е

 

 

 

На ден 06.11.2014 година во 14:00 часот во судница бр. 18, се закажува јавна усна расправа по тужбата на тужителите Мицковиќ Олгица и Галовски Наум, двајцата од Скопје заведена под У-2.бр. 659/2013.  

 

 

 

                                      ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ-СУДИЈА

                                                              Драгослав Радичевски

21.10.2014    И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Република Македонија

УПРАВЕН  СУД

Су.бр.03-1047/14

21.10.2014 година

      С к о п ј е

 

 

 

 

 

 

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

 

          По повод Европскиот ден на граѓанска правда, 24.10.2014 година, е отворен ден за граѓаните, во Управен суд.

 

          По тој повод, заинтересираните граѓани на 24.10.2014 година, може да го посетат Судот и да добијат информации за прашања од неговата надлежност.

 

 

                                               ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ 

                                                      НА УПРАВРН СУД

                                                    судија Лидија Ивановска

 

21.10.2014    И З В Е С Т У В А Њ Е

   

Република Македонија

УПРАВЕН  СУД

Су.бр.03-1047/14

21.10.2014 година

      С к о п ј е

 

 

 

 

 

ДО

ДЕКАНИТЕ НА ПРАВНИТЕ ФАКУЛТЕТИ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

 

          По повод Европскиот ден на граѓанска правда, 24.10.2014 година, е отворен ден за граѓаните, во Управен суд.

 

          По тој повод, заинтересираните студенти од студиите по управно право на Вашите факултети, на 24.10.2014 година, може организирано да го посетат Управниот суд и да се запознаат со процесот на работењето во Судот.

 

                                        ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

                                                 НА УПРАВЕН СУД

                                            судија Лидија Ивановска 

 

 

 

 

02.05.2014   С О О П Ш Т Е Н И Е

      УРПбр.956/2014

 

 

 

        С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

 

На ден 02.05.2014 година со  почеток во 18:20 часот, во судница број 3 ќе се одржи јавна седница по предметот УРП бр.956/2014 по тужбата на

 

 

Тужителот: Демократска партија на албанците

 

Тужен орган: ДИК

 


 Претседател на советот – судија Димитрула Апостоловска с.р.

 

 

02.05.2014   С О О П Ш Т Е Н И Е

     

     

 

 

        С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

 

На ден 02.05.2014 година со  почеток во 17:50 часот, во судница број 3 ќе се одржи јавна седница по предметите :

 

УРП.бр.957/2014 во 17:50

УРП.бр.958/2014 во 18:00

УРП.бр.960/2014 во 18:10 

 

 

Тужителот: Демократска партија на албанците

 

Тужен орган: ДИК

 


 

 

  Претседател на совет – судија   Габријела Михајловска
02.05.2014   С О О П Ш Т Е Н И Е

      УРПбр.955/2014

 

 

 

        С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

 

На ден 02.05.2014 година со почеток во 18:30 часот, во судница број 3 ќе се одржи јавна седница по предметот УРП бр.955/2014 по тужбата на

 

 

Тужителот: Демократска партија на албанците

 

Тужен орган: ДИК

 


Претседател на советот – судија

Мустафа Шахини с.р

______________________

 

12345678910...